Достапни линкови

Гадафи се огласи: Излезете од домовите и ослободете го Триполи


Либискиот лидер Моамер Гадафи во аудио порака која денеска ја објави телевизија лојална на режимот ги повика граѓаните да ги напуштат домовите и се вклучат во борбата за ослободување на Триполи од ,како што ги нарече бунтовниците „непријателските стаорци.“ .
Иако ова е трет пат да се огласи Гадафи, откако неговото седиште во Триполи е под контрола на бунтовниците, неговата локација се уште е непозната.
Денеска НАТО соопшти дека се приклучил во потрагата по Гадафи додека либијските бунтовници се обидуваат да ги зацврстат позициите во Триполи и во останатите делови од Либија. Бунтовниците распишаа награда од милион и 700 илјади долари и амнестија за секој што ќе помогне во апсењето на Гадафи.
Во меѓувреме, продолжуваат борбите со лојалистите на Гадафи во делови од Триполи и на други места во Либија.
XS
SM
MD
LG