Достапни линкови

Опсерваторијата Кокино, заборавена


Мегалитската опсерваторија Кокино
Мегалитската опсерваторија Кокино

Иако атрактивни туристички атракции, не се вложува во промоција на Мегалитската опсерваторија Кокино и црквата Свети Ѓорѓи.

Една деценија Мегалитската опсерваторија Кокино е атрактивна туристичка локација за посетители од земјава и од странство, но ништо не е направено за нејзино култивирање. Не е подобра состојбата ниту со Црквата Свети Ѓорѓи, културно-историски и национален монумент од почетокот на 14-от век, сместена среде селото Старо Нагоричане.
Малку е направено, а уште многу има да се направи за овој регион да стане туристичка атракција. Мегалитската опсерваторија Кокино и црквата Свети Ѓорѓи се два извонредни споменика на културата. Црквата е од почетокот на 14-от век,а Мегалитската опсерваторија Кокино сега е на листата за прием на светското културно наследство на УНЕСКО.

Останатите културни туристички локалитети се исто така заборавени, вели археологот Јовица Станковски, директор на Музејот во Куманово. Козјачко-пчињскиот регион е богат со туристички атракции, вели тој.

„Малку е направено, а уште многу има да се направи за овој регион да стане туристичка атракција. Мегалитската опсерваторија Кокино и црквата Свети Ѓорѓи се два извонредни споменика на културата.Црквата е од почетокот на 14-от век, а Мегалитската опсерваторија Кокино сега е на листата за прием на светското културно наследство на УНЕСКО.“

Станковски додава дека воопшто не се работи на изградба на инфраструкурата:

„Патот до Кокино е во таква состојба што не може да пропушти нормално поголеми возила како автобуси, патот е оштетен, туристите нема кој да ги прифати, нема објетки за сувенири. Се планира, а според нашите пресметки не треба повеќе од 200 до 300 илјади евра, Кокино може да се уреди и да биде атрактивен центар за туристи кои во се поголем број доаѓаат и од странство. За сега, доколку не се јават кај нас да им обезбедиме водич се враќаат разочарани.“

Станковски вели дека секоја година има само многу ветувања.

„Парите одат на други локалитети, ние како да сме заборавени. Можеби локалната самоуправа на Старо Нагоричане треба да е поагилна. Ние од наша страна го истраживме Кокино, го афирмираме во светот, тука сме да обезбедиме водичи.“

За Црквата Свети Ѓорѓи, Станковски вели:

„Тоа е еден извонреден споменик на културата, извонреден репрезент на таканареченото сликарство ренесанса на палеолозите. Тоа е еден светски споменик во кој врвните мајстори Михајло и Евтихиј кои работеле во Византија достигнале врв на своето творештво. Тоа што тие го претставиле во Куманово и во Старо Нагоричане е далеку подобро од она што го работеле на други места до тогаш. Таму исто нема човек кој ќе објаснува.“
Парите одат на други локалитети, ние како да сме заборавени. Можеби локалната самоуправа на Старо Нагоричане треба да е поагилна. Ние од наша страна го истраживме Кокино, го афирмираме во светот, тука сме да обезбедиме водичи.

За фрескоживописот во овој монуменатален духовен и храм на културата и бугарскиот академски сликар Румен Жеков вели:

„За мене тоа е нешто исклучително.Тоа го нема никаде на Балканот. Како квалитет и како експресија тоа е нешто генијално. Со нетпрение сакам пак да отидам таму и да бидам вознесен од тоа сликарство. Генијално е тоа.“

А во непосредна близина на црквата е и пештерата во која испосничките години ги поминал Свети Отец Прохор Пчињски. За ова Станковски додава дека е многу посетувана.

„Урасната во трева и навистина многу малку се менуваат работите“.

И Меморијалниот музеј АСНОМ, иако е од пред неколку години исто така е запоставен:

„И тој пропаѓа, треба да се заменат плочките на платото, прокиснува покривот, за да биде во добра кондиција,за жал треба средства за нормално одржување.“

И покрај тоа што локалната самоуправа Старо Нагоричане на извесен начин се гордее со туристичкиот потенцијал во Козјачко-пчињскиот регион, се чини малку работи на тоа. Таа очекува средства од централната власт. Но, изостануваат и активностите и вниманието за кои и не треба многу средства.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG