Достапни линкови

Сириски карикатурист претепан по објавена карикатура на Асад


Активисти за човекови права тврдат дека популарниот карикатурист Али Ферзат е во болница откако бил претепан од непознати напаѓачи во Дамаск. Активистите велат дека карикатуристот е претепан откако објавил карикатура во која се споредува сирискиот претседател Башар ал Асад со либискиот лидер Моамер Гадафи.Активисти за човекови права тврдат дека од почетокот на антивладините протести во Сирија загинале над 2 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG