Достапни линкови

Скопје и возврати „удар “ на Атина


„ Доколку Папaндреу сака, спорот за името и не мора да постои.“ Ова е реакцијата на македонската влада на денешната изјава на потпаролот на грчкото министертсво за надворешни работи Григори Делавекурас.
Тој во интервју за радио „Вима “ изјави дека решение за спорот може да се најде веднаш, ако владата на премиерот Никола Груевски конечно одлучи да ја откочи европската иднина на земјата која во моментов води негативна политика кон Грција.
Во владината реакција што ја пренесува новинската агенција МИА е наведено дека е доста од декларативни изјави и дека поентата не е да се препукуваат двете земји која сака а која не сака да се реши спорот. Во продолжение на реакцијата е наведено дека е добро да се затвори ова прашање што е можно побрзо
XS
SM
MD
LG