Достапни линкови

logo-print

Струшки вечери на поезијата


Струшки вечери на поезијата

Струшки вечери на поезијата

Повеќе од 130 поети од целиот свет учествуваат на годинешното 50-то јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата.

50-тото јубилејно издание на грандиозниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата, донесува рекорден број од над 130 поети од 71 земја, што овој самит на поезијата, културата и убавината, според организаторите, го издигнува на највисоко ниво во светот. На свеченото отворање, што за прв пат ќе биде на отворенокако и целиот фестивал, што него го прави уникатен, за прв пат во историјата на манифестацијата антологиската „Т'га за југ“ ќе биде изведена симфониски, низ песна со нашиот тенор од светски глас Благој Нацоски, а на полноќ ќе настапи
Матеја Матевски е вториот Македонски лауреат на СВП, првиот беше пред 30 години, на 20 годишниот фестивалски јубилеј, кога лауреат беше Блаже Конески. Матевски е еден од нашите најголеми и најпреведувани поети, кој има голем одек во странство.

нашиот познат џез гитарист со меѓународна слава Владимир Василевски-Четкар.

„Отворањето ќе биде на мостот на поезијата, со настап на шест поети досегашни лауреати, гости на фестивалот. Доаѓаат, од Унгарија Ференц Јухас, од Куба Нанси Морехон, Фатос Арапи од Албанија, Љубомир Левчев од Бугарија, Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, од Португалија Васко Граса Маура, како и нашиот лауреат Матеја Матевски. Покрај седумте лауреати, ќе имаме и интепретација на песни и од четворица лауреати на нобеловата награда“, вели Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на управниот одбор на фестивалот.

Струшките вечери ќе минат во знакот на атрактивните „Ноќи без интерпункција“ на сцени во Охридското Езеро, со омажи за познати поети од земјава и светот, со поетското читање „Мостови“ на истекот на Црн Дрим во Струга, а во охридската Света Софија традиционално ќе се одржи „Портрет вечерта“ посветена на годинашниот лауреат, македонскиот поет Матеја Матевски, кој го понесе златниот венец на СВП на нејзиниот златен јубилеј.

„Матеја Матевски е вториот Македонски лауреат на СВП, првиот беше пред 30 години, на 20 годишниот фестивалски јубилеј, кога лауреат беше Блаже Конески. Матевски е еден од нашите најголеми и најпреведувани поети, кој има голем одек во странство, во светската јавност тој има големи пријатели, критичари и поети, кои ја почитуваат неговата поезија, а преку тоа сигурно ја почитуваат и македонската поезија“, вели поетот Димоски.

Петтата фестивалска деценија, што е во знакот на 150-годишнината од излегувањет на Зборникот на народни умотворби на Миладиновци, како и по повод 200-годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов, ќе биде отворен нивниот нов реновиран спомен дом, што со децении постои на местото на некогашната семејна куќа на славните струшки браќа во стариот дел од градот.
Во спомен домот ќе се презентираат 50 метри квадратни од вкупната површина на овие мозаици кои во целост беа голем комплекс од стотина метри квадратни.

„Освен основната намена да го претстави животот и делото на Миладиновци, нивното време, целата епоха од средината на 19 век, почетоците на нашата национална преродба, што ќе има централно место во овој спомен дом, ние долните простории ги наменивме за презентација на мозаици од ранохристијанската базилика во Октиси. Ова е прв ваков тип во Македонија на изложување на мозаици вон просторот каде што тие се најдени. По обработката, конзервацијата и подготвката, во спомен-домот ќе се презентираат 50 метри квадратни од вкупната површина на овие мозаици кои во целост беа голем комплекс од стотина метри квадратни“, вели Сашо Цветкоски, директор на Струшкиот музеј.

СВП, што се смета за најстар поетски фестивал кој во континуитет се одржува во светот, во иднина ќе продолжи негувајќи ги традициите, во духот на светските поетски трендови, доближувајќи се до народот.
XS
SM
MD
LG