Достапни линкови

Пешевски: Воопшто не сме загрижени


Прес конференција на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски

„Воопшто не сме загрижени“, изјави денеска видепремиерот Владимир Пешевски откако агенцијата „ Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на МАкедонија. Тој објасни дека станува збор за домашната валута, но не и за странската која е најрелевантна при оценката за работењето на една држава. Пешевски смета дека корелацијата меѓу кредитниот рејтинг и цената за задолжување на државните записи, не е многу силна, односно она што „Стандард и Пурс“ го кажува за домашната валута не било рефлектирано соодветно во она што e цена на задолжување. Од тие причини како што вели „воопшто не сме загрижени“ . Тој додава дека може да се гледаaт позитивните или негативните аспекти од оценката на „Стандард и Пурс“, но важно е дека Владата не очекува тоа да предизвика апсолутно никакви промени во пазарот на капитал во однос на задолжувањето на земјава.Вчера рејтинг агенцијата „Станадард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ“ од „ ББ+“. Агенцијата соопшти дека македонскиот рејтинг ја рефлектира, меѓудругото и нефлексибилната структура на трошоци на владата и ризикот од меѓуетнички тензии.
XS
SM
MD
LG