Достапни линкови

Путин нареди „ радикални“ подобрувања во вселенска навигација


Рускиот премиер Владимир Путин и нареди на руската вселенска агенција „радикално“ да ја подобрат контролата над производството на вселенски летала. Ваквата наредба следува по денешното откажување на лансирање на ракетата „Сојуз“. Вчера леталото без екипаж „Прогрес“ не успеа да одлета во вселената и се сруши на земја. Руската вселенска агенција соопшти дека лансирањето на „Сојуз“ се одложува се додека не се истражат причините за несреќата. Леталото „Прогрес“ кое носело 2,5 тона товар вчера беше ланирано во Бајконур , Казахстан.
XS
SM
MD
LG