Достапни линкови

Давитоглу: ОН итно да ги одмрзнат либиските средства


Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давитоглу изјави дека Обединетите Нации мора да преземат итни мерки за да ги одмрзнат либиските средства за да може новата влада на бунтовниците да ја стабилизираат земјата. Тој додаде дека е потребно да се преземат мерки во Советот за безбедност за да создаде легална рамка со која ќе им се помогне на бунтовниците да се соочат со сериозните предизвици кои ги очекуваат. Давитоглу ова го изјави денеска на отварањето на дипломатскиот состанок во Истамбул за таканаречената либиска контакт група. Бунтовниците бараат да се одмрзнат сметките со либиските средства во вредност од 5 милијарди долари за да исплатат плати и да ги одржат во функција основните институции.
XS
SM
MD
LG