Достапни линкови

Берлускони ги одмрзна либиските сметки во Италија


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека ќе одмрзне 350 милиони долари од либиските пари кои се наоѓаат во италијанските банки. Берлускони го опиша ваквиот потег како прв чекор кон ослободување на либиските средства кои се чуваат во Италија. Изјавата на Берлускони следува по неговата денешна средба со лидерот на Националниот преоден совет Махмуд Џибрил во Милано. На заедничката прес конференција Џибрил предупреди дека Либија ја очекува опасна дестабилизација во пост –Гадафи перидот доколку нема финанска помош за бунтовниците.
Во меѓувреме во Каиро Арапската лига го призна Националниот преоден совет за легитимен претставник на либискиот народ и соопшти дека бунтовничкиот совет ќе добие место во нивната организација.
XS
SM
MD
LG