Достапни линкови

logo-print

Делавекурас: Скопје води негативна пропаганда против Грција


Решение за спорот со името може да се најде веднаш, ако владата на премиерот Никола Груевски конечно одлучи да ја откочи европската иднина на земјата која во моментов води негативна политика кон Грција. Систематски има негативна пропаганда против Грција, која ја спречува соработка меѓу двете земји. Ова го изјави потпаролот на грчкото министеството за надворешни работи Григорис Делавекур во интервју за радио „Вима“. „Ако господинот Груевски одлучи дека е дојдено времето,може да го постигне решение што ќе биде име со географска одредница за севкупна употреба“, изјави Делавекурас. Тој целокупната одговорност за надминување на спорот со името и деблокада на интергрцијата на земјата во ЕУ и НАТО ја припишува на Груевски. Делавекус ги критикува и спомениците во центарот на Скопје за кои вели дека ги надминале сите граници.
XS
SM
MD
LG