Достапни линкови

Во Истанбул состанок на либијските бунтовници со Контакт групата


Претставници на либијските бунтовници се состануваат денеска во Истанбул со нивните меѓународни подржувачи на расправа за актуелниот развој на ситуацијата во Либија. Предвидено е Махмуд Џибрил, лидерот на Националниот Транзиционен Совет да се состане со така-наречената контакт група. На состанокот, со кој претседава, турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу, ќе стане збор и за замрзнатите либијски сметки во странство. Националниот Транзиционен Совет бара итно одмрзнување на сметките бидејки биле потребни најмалку 5 милијарди долари за исплата на плати на вработените во виталните сервиси.
XS
SM
MD
LG