Достапни линкови

Либијскиот Национален транзициски совет бара пари, бунтовниците трагаат по Гадафи


Либијскиот Национален транзициски совет побара 5 милијарди американски долари за исплата на државни плати и одржување на витални услуги како набавка на лекови. Советот го обелодени барањето за одмрзнување на петте милијарди долари во услови кога наводно пропаднал режимот на лидерот на северноафриканската земја Муамар Гадафи. Новото барање се коси со претходните проценки на Советот, според кои за плати и витални набавки беа потребни 2,5 милијарди американски долари. Во меѓувреме, либијските бунтовници продолжуваат со потрагата по Гадафи и неговите синови, во обид да ја зајакнат контролата во главниот град Триполи. Бунтовниците нудат награда од 1 милион долари за секој кој ќе го зароби или убие лидерот во бегство кој владееше со Либија 42 години.
XS
SM
MD
LG