Достапни линкови

Руско вселенско летало се урна во Сибир


Руско вселенско летало се урнало во Сибир, неколку минути по лансирањето. За сега нема информации за повредени или жртви. Руската вселенска агенција „Роскосмос” потврди дека леталото се урнало поради грешка која предизвикала пад на системот. Фрагменти од вселенското летало кое требало да доставува три тони материјали до Меѓународната вселенска станица биле пронајдени во сибирскиот регион Алтаи, во близина на границата со Монголија и Кина.
XS
SM
MD
LG