Достапни линкови

Пливачите, покрај меѓународните настапи, мора самите да плаќаат две евра за влез на тренинг на Олимпискиот базен во Скопје.

Пливачите Симона Маринова и Марко Блажевски, не ја искористија првата шанса за обезбедување норма за учество на Олимписките игри кои по 12 месеци ќе се одржат во Лондон. Иако најавуваа дека ќе ги подобрат своите рекорди на 400 и на 800 метри, тие на минатомесечното Светско првенство во Шангај имаа симболичен настап и во сите трки беа меѓу последнопласираните. Со тоа, уште еднаш се потврди дека спортот во кој до пред две Олимпијади имавме најмногу натпреварувачи со А норми е
Секој пливач плаќа по две евра за влез на тренинг, значи четири евра дневно или 120 евра месечно. Пред десет години не се плаќаше, имаше масовност, а имаше и пливачи. Сега, нема масовност.

во криза, што е резултат на лошата финансиска состојба во Федерацијата и во клубовите. Поради тоа, пливачите се принудени сами да ги финансираат своите меѓународни настапи, а, според претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Александар Коцевски уште поголем проблем се недоразбирањата со концесионерот на Олимпискиот базен во Скопје.

„Секој пливач плаќа по две евра за влез на тренинг, значи четири евра дневно или 120 евра месечно. Пред десет години не се плаќаше, имаше масовност, а имаше и пливачи. Сега, нема масовност“, изјави Коцевски.

Тој очекува работите да тргнат на подобро од наредниот месец. Тогаш, Федерацијата ќе го добие на управување единствениот наш затворен базен со олимписка патека на 50 метри, по што, талентираните пливачи ќе тренираат бесплатно. Од тоа ќе имаат корист сите кои се професионално во овој спорт, а особено потенцијалната олимпијка Симона Маринова, чие
Разликите се на 400 метри шест секунди, на 800 метри девет секунди, но мислам дека шансите се големи со напорна работа.

потфрлување во Кина се оправдува со сплетот на неповолни околности, почнувајќи од стомачниот вирус, преку заморот од напорната сезона, па се до неможноста за три дена да се аклиматизира на шестчасовната временска разлика. Затоа, таа не се доближи до посакуваните резултати, кои, сепак, не се недостижни, смета нејзиниот тренер Владимир Пејковски.

„Исполнувањето на Б нормата треба да се очекува од февруари до мај 2012. Реални се шансите, разликите се на 400 метри шест секунди, на 800 метри девет секунди, но мислам дека шансите се големи со напорна работа“, рече Пејковски.

Слични се очекувањата и од Марко Блажевски, кој е во поповолна ситуација поради помалите временски разлики за дополнување, но и поради многу подобрите услови за работа во Америка, каде што студира и тренира.
XS
SM
MD
LG