Достапни линкови

Живот со четири илјади денари


Сутка Асаноска од Прилеп со четири илјади денари живее со своите две деца и болна баба.

Дваесетгодинашната Сутка Асаноска од Прилеп е самохрана мајка на две деца. Таа живее во трошна куќа во населбата „Тризла“. Со социјална помош од околу 4.000 денари, се грижи за здравјето на своите деца и болната баба. Вели неретко се случува на крајот од месецот во очекување на социјалните пари, да гладуваат по неколку дена, зашто бргу им се трошат месечните количества брашно и гриз. А, кога ќе се разболат децата, оди од куќа до куќа, моли за лек, зашто нема пари да ги одведе кај матичниот лекар. На маките не им се гледа крајот, ако во текот на месецот Сутка не обезбеди дополнителни средства од аргатувањето. Бере и ниже тутун, сега вели има нова можност за заработувачка, зашто ќе почне бербата на пиперките, во зима трча, моли по куќите, чисти, мие... само да донесе дома, денар повеќе.
Месецот го чекаме некогаш за пари, некогаш одиме на работа со тутун, едно, друго. Што има пролетта, еден ден, два дена гладни седиме, зимата па тешко е со дрва, многу тешко немаш да купиш.

„Тешко е малку, кога ќе има работа, одиме некаде, од помошта што ни ја даваат, 4.000 денари, тројца плус баба ми и со нејзе. Како се снајдуваме, месецот го чекаме некогаш за пари, некогаш одиме на работа со тутун, едно, друго. Што има пролетта, еден ден, два дена гладни седиме, зимата па тешко е со дрва, многу тешко немаш да купиш“, вели Асаноска.

Иста судбина делат и најголем дел други жители на населбата „Тризла“ каде што живее население претежно од ромска националност. Сите се жалат на истите проблеми.

„За храна, за болест ништо, ќе бараме по луѓето билки, да ги лечиме децата, инаку за на уред послабо, треба да се платат тие билки, баравме за вработување ама вели „не може, малолетни ти се децата, нема, кога ќе има, ќе јавиме“ и само се надеваме, очекуваме да се јават, ама никој ништо.
Тешко, сите живеат со пари од социјална помош, тежок живот, нема од никаде пари, никој не е на работа, тежок е животот.“

И додека овие луѓе се жалат дека парите не им стигнуваат да врзат крај со крај во месецот, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа информираат дека бројот на корисници на социјална помош перманентно се намалува. Годинава се евидентирани околу 2.630 или за 1.200
За храна, за болест ништо, ќе бараме по луѓето билки, да ги лечиме децата, инаку за на уред послабо, треба да се платат тие билки.

домаќинства помалку во однос на истиот период од минатата година. Но, оваа ситуација не е резултат на нови вработувања. Туку сите граѓани кои оствариле по кој било основ приход над законските лимити го губат правото на овој и така минимален надоместок.

Сепак од овој месец најзагрозените прилепски социјалци добиваат одвреме-навреме донации во храна и облека, кои во хуманитарни акции ги собираат младите прилепчани.

„Целта беше оние млади луѓе кои доаѓаат по разни основи во Центарот да едноставно се погрижат и да проработи кај нив таа свест, да помогнат на некои семејства, на кои тоа им е потребно, со собирање на стара и нова облека“, вели Игор Ламбески, раководител на Младинскиот информативен и советодавен центар „Инфо-Сега“.

Инаку, компаративната анализа на податоците од Центарот за социјална работа покажува дека пред 5-6 години наместо сегашните 2.630, социјални пари користеле двојно повеќе домаќинства.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG