Достапни линкови

logo-print

Уште едно ново владино тело


Денеска е формиранo уште едно владино тело Комитет за туризам. Вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека приoритет на овој комитет ќе биде зголемување на приходите од туризмот, навремена реализација на Стратегијата за развој на туризмот и на проектите од владината програма од таа област. Тој очекува тренд на зголемување на туристи бидејќи веќе имало најави за многу поголеми аранжмани во следните години. Со комитетот претседава премиерот Никола Груевски а членови на комитетот се истите од Економскиот совет со дополнување на министрите за транспорт и за култура, како и претставници од државните институции од областа на туризмот.
.
XS
SM
MD
LG