Достапни линкови

Ирански воени официри на „црниот список“ на ЕУ поради Сирија


Европската Унија воведе нови санкции против елитната единица на иранската Револуционерна Гарда. Унијата се сомнева дека гардата и обезбедува опрема и поддршка на безбедносните сили на сирискиот претседател Башар Ал Асад во задушувањето на петмесечните анти-владини протести. Црната листа на ЕУ за Сирија сега брои 50 лица. САД и ЕУ веќе спроведоа серија санкции против Сирија: Активисти за човекови права тврдат дека во борба против сирискиот режим до сега загинале над 2 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG