Достапни линкови

Русија не и дозволува на Украина да игра на две страни


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска ја отфрли можноста за компромисен договор со Украина со кој се дозволува Киев да извршува слободна трговија со Европската Унија и Русија и земјите од блокот предводени од неа. Медведев изјави дека ако Украина сака да ги користи бенефитите како попуст на цените за гас и безбеден пристап до рускиот пазар мора да стане полноправна членка на царинската унија предводена од Москва во која членуваат Белорусија и Казахстан. Украинскиот претседател Виктор Јанукович претходно ги одби ваквите предлози затоа што доколку се приклучи кон рускиот блок Киев нема да може да ги исполни своите планови за преговори со ЕУ за слободна трговија.
XS
SM
MD
LG