Достапни линкови

Косор: Хрватска ги поддржува ставовите на Ангела Меркел


Косор во посета на Косово

Косор во посета на Косово

Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска во Приштина изјави дека го поддржува ставот на германската канцеларка Ангела Меркел дека Србија треба да ги затвори своите паралелни структури на Косово, и дека не може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ без решавање на некои проблеми поврзани со Косово. Косор, денеска на средбата со косовскиот премиер Хашум Тачи потпишаa неколку билатерални договори кои се однесуваат на европската интеграција и патниот сообраќај. По средбата таа изјави дека го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Предвидено е Косор да се сретне и со командантот на КФОР Ерхард Билер, како и со 20-тина хрватски припадници на меѓународните сили на Косово.
XS
SM
MD
LG