Достапни линкови

Новинари заробени во хотел во Триполи


Денеска повторно се водат битки во близина на резиденцијата на либискиот лидер Моамер Гадафи, која вчера беше заземена од бунтовниците. Се уште не е познато каде се наоѓа Гадафи, но во аудио пораката, која беше емитувана утринава тој изјави дека ќе се бори до крај. Се водат битки и во близина на хотелот во Триполи каде што 30 новинари се заробени. Медиумскиот набљудувач „Репортери без граници“ соопшти дека лојалните сили на Гадафи им забраниле на новинарите да го напуштат хотелот и дека заземале позиции пред него.
XS
SM
MD
LG