Достапни линкови

ЕУ планира нафтено ембарго за Сирија


Европската Унија размислува да воведе ембарго за увоз на нафта од Сирија до крајот на следната недела за да го зголеми притисокот врз претседателот Башар ал Асад, јавува новинскта агенција Ројтерс. Земјите членки на унијата во петокот се согласија да разгледаат нови можности за санкции врз Сирија, поради петмесечното задушување на анти-владините протести во кои според активисти за човекови права загинале над 2 илјади луѓе. Нафтеното ембарго ќе биде голем чекор за ЕУ затоа што неколку земји членки може да претрпат загуби поради поврзаноста на нивните индустрии со увозот на нафта од Сирија.
XS
SM
MD
LG