Достапни линкови

Забрането е движење низ шумите во Македонија


Националниот парк „Пелистер“

Националниот парк „Пелистер“

Во следниве десет дена ќе биде целосно забрането движење низ шумите во Македонија. Ова денеска го изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Тој изјави дека целта на оваа забрана е превенција од можни пожари поради зголемените тепмператури во земјава. Забраната ќе важи до 3 септември, а само вработените во претспријатеијата кои вршат сеча ќе смета да влезат во шумските појаси. Министерството за внатрешни работи, граничната и шумската полиција во следните 10 дена ќе вршат 24-часовна контрола и легитимирање на секое лице кое ќе го затекнат во шума. Само во последниве два месеца се регистрирани 219 големи пожари во кои се oпожарени 7.000 хектари од кои 2.400 во Битолско.
XS
SM
MD
LG