Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја е подготвена да разговара за нуклеарен мораториум


Средба на Дмитри Медведев и Ким Џонг Ил

Средба на Дмитри Медведев и Ким Џонг Ил

Кремљ соопшти дека Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил е подготвен да разговара за прекин на нукеарните тестови и производство, и обновување на шестпартитните разговори за нуклеарната програма. Потпаролката на руската влада Наталија Тимакова изјави дека Ким Џонг Ил му соопштил на претседателот Дмитри Медведев, дека Северна Кореја е спремна да се врати на разговорите без предуслови.
Преговорите за нулеарната програма во кои учествуваат Јужна Кореја, САД, Кина, Русија и Јапонија беа прекинати во 2008-мата година. Медведев и Ким Џонг Ил се сретнаа денеска во воената база во близина на Улан Уле, главниот град на регионот Бурјатија. Рускиот претседател изјави дека Северна Кореја е заинтересирана за изградбата на гасовод кој ќе поминува низ Јужна и Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG