Достапни линкови

logo-print

Mинатата година на јавни набавки со непосредна спогодба се потрошени околу 35 милиони евра, што е за 52 проценти повеќе во однос на претходната година.

Јавните набавки се вршат на нетранспарентен начин, при што се остава простор за манипулација со буџетските пари, а одговорноста треба да ја бара јавниот обвинител, велат упатените. Во минатата година на јавни набавки се потрошени 750 милиони евра. Според Бирото за јавни набавки најмногу пари потрошиле Електрани на Македонија, Министерството за
Постои голем простор и големи можности за злоупотреби, за тргување со влијание, за влијание во економијата, медиумите и едноставно тоа го користи нашата влада без да помисли да ја подобри транспарентноста на јавните набавки.

транспорт и врски, Службата при Владата, како и Министерството за здравство и Македонски шуми.

Претседателката на Транспаренси Интернејшнал Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека најчесто процесот на јавни набавки се врши преку склучување на договори со непосредна спогодба без тендерска постапка.

„Апсулутно постои голем простор и големи можности за злоупотреби, за тргување со влијание, за влијание во економијата, медиумите и едноставно тоа го користи нашата влада без да помисли да ја подобри транспарентноста на јавните набавки.“

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека е загрижувачки фактот што во 2010 година се потрошени околу 35 милиони евра при непосредни спогодби, што е за 52 проценти повеќе во однос на минатата година.

Слаѓана Тасева.

„Проблематично е што трошењето на јавните пари низ вака склучените договори секогаш во себе го кријат сомнежот за нивната оправданост, како и дилемата дали намерно се злоупотребува ова законско право за склучување на договор без објавата на оглас.“

Според Тасева, постојат многу сомневања за незаконско трошење на парите, но досега не е поведена постапка за злоупотреба на јавните набавки. Бирото за јавни набавки повеќе прикрива отколку што обезбедува информации.
Проблемот кој го посочуваат во Обвинителството е бавноста со која ги добиваат информациите од МВР, а кои им се потребни за донесување на одлука за поведување на истрага. Така што произлегува дека ова е еден маѓепсан круг во кој институциите една на друга си ги префрлаат одговорностите.

„Улогата на коректор или контролор во трошењето на јавните пари апсулутно им е одземена или не си ја остваруваат како што треба. Но и да работат идеално, сепак Јавниот обвинител е тој кој што треба сериозно да ги рагледа сите индиции или укажувања на незаконитости во трошењето на јавните пари.“

Факиќ вели дека јавното обвинителство треба да реагира на наодите на Државниот завод за ревизија, но за жал отсуствува таква реакција.

„Проблемот кој го посочуваат во Обвинителството е бавноста со која ги добиваат информациите од МВР, а кои им се потребни за донесување на одлука за поведување на истрага. Така што произлегува дека ова е еден маѓепсан круг во кој институциите една на друга си ги префрлаат одговорностите.“

Невладините организации велат дека извор на корупција може да бидат и поништените тендери.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG