Достапни линкови

Светските лидери повикуваат на мирен преод на власта во Либија


Светските лидери сметаат дека бунтовничката окупација на речиси цел Триполи може да значи крај за Моамер Гадафи. Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави денеска дека Москва ќе размисли за воспоставување на дипломатски односи со бунтовниците доколку, како што вели , тие имаат сила и можност да ја обединат земјата за нови демократски почетоци. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Пекинг се надева на мирен преод на политичката власта во Либија. Овие пораки следуваат откако лидерот на бунтовниците Махмуд Џибрил најави дека денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози за да разговараат за политичката тразициска пост-Гадафи ера. Саркози побара да се оддржи мултинационална конференција во Париз во наредните десеттина дена за да се разговара за како да и се помогне на Либија во реконтрукцијата и трензицијата кои што ќе следуваат.
XS
SM
MD
LG