Достапни линкови

Решение за името до април 2012?


Македонската делегација на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година. Грција го спречи зачленувањето на Македонија во НАТО.
Македонската делегација на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година. Грција го спречи зачленувањето на Македонија во НАТО.

Абдулаќим Адеми од ДУИ очекува решение на спорот за името за неколку месеци. Домашните експерти се скептични дека тоа е можно за толку краток рок.

Последнава изјава на премиерот Никола Груевски дека државата е подготвена да најде решение за името ја потврдува и генералниот секретар
Веќе имаше иницијативи од госпоѓата Арифи во таа смисла, имаше нови идеи и нов пристап кон преговорите, се бараше и храброст од политичките елити во Македонија да му го дадат потребното внимание на ова прашање.

на ДУИ, Абдулаќим Адеми, кој во интервју за весникот Нова Македонија вели дека сме на добар пат до наредниот самит на НАТО, во април следната година да се договориме со Грција за решение за името.

Домашните експерти очекуваат поголем притисок од албанскиот коалициски партнер во поглед на скоро решавање на проблемот, но не се надеваат дека тоа ќе биде пресудно за конечно решение на долгогодишниот спор. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека во следниот период може да се очекува зголемен притисок од ДУИ да се реши ова прашање.

„Веќе имаше иницијативи од госпоѓата Арифи во таа смисла, имаше нови идеи и нов пристап кон преговорите, се бараше и храброст од политичките елити во Македонија да му го дадат потребното внимание на ова прашање.“

Генералниот секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми, очекува решение на спорот за името до наредниот самит на НАТО, во април следната година.

Изјавите дека треба што поскоро да се најде компромис за името и Македонија да стане дел од Европската унија и НАТО не очекувам да бидат само декларативни, вели Муслиу. Од друга страна, пак, смета дека не треба да се поставуваат крајни рокови за решавање на едно вакво чувствително прашање.

„Не е во прашање само техничко договарање и решавање на прашањето со грчката страна, туку е и припрема за граѓаните да тие решенија ги прифатат.“

Спротивно на неговото мислење, универзитетскиот професор Денко Малески го повторува својот песимизам дека прашањето може да се реши во блиска иднина. Позициите на македонската влада се јасни, а сите изјави во врска со ова прашање го потврдуваат ставот дека тие се доследни во својата политика, дециден е Малески.
Сега веќе прашањето е усложнето и ми се чини дека четири години не се доволни за да се разреши.

„А, тоа е политика на одбрана на уставното име со некаква евентуално отворена опција, повеќе за да се демонстрира кооперативност со Меѓународната заедница.“

Спорот за името нема да се реши наскоро, оти повеќе ја нема истата тежина како порано, потсетува Малески.

„Не е она истото прашање од деведесеттите години кога се зборуваше за некаква дистинкција помеѓу грчката покраина Македонија и новата држава Македонија. Сега веќе прашањето е усложнето и ми се чини дека четири години не се доволни за да се разреши“, изјави Малески.

Генералниот секретар на ДУИ, Адеми меѓудругото посочува дека самитот на НАТО е терминот до кога треба Македонија да ги усогласи ставовите со Грција и како што вели со јасна порака да влезе во друга фаза на решавање на проблемот, а не како досега да седиме во фаза на преговори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG