Достапни линкови

Кина бара водечка улога на ОН во Либија


Кина побара политичко помирување во Либија, како и водечка улога на Обединетите нации во обновата на земјата. Кинеското министерставо за надворешни работи соопшти дека со паѓањето од власт на режимот на Муамер Гадафи најважна задача во Либија е обновата на стабилноста на земјата. Во тоа, според шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи, Обединетите нации, во соработка со Арапската лига и Африканската унија, треба да ја преземат водечката улога.
XS
SM
MD
LG