Достапни линкови

Украина одбележува 20 години независност


Украина денеска одбележува 20 години независност. Претседателот Виктор Јанукович ќе учествува на прославата во Киев на која главен настан е парадата што, според некои проценки, чинела над 20 милиони долари. Официјалните прослави би можело да бидат нарушени од планираните протести на приврзаниците на уапсената опозициска лидерка Јулија Тимошенко. Украинската разузнавачка служба соопшти дека пред два дена уапсила три лица под сомневање дека планирале бомбашки напад за време на прославите.
XS
SM
MD
LG