Достапни линкови

logo-print

Гадафи: повлекувањето тактички потег


Моамер Гадафи изјави дека неговото повлекување од комплексот во Триполи било тактички потег по интензивирањето на ловот по него. Тој исто така се заколнал на мачеништво или победа во неговата борба против НАТО. Портпарол на Гадафи за арапската телевизија Ал Оруба изјавил дека либискиот лидер е подготвен да им пружа отпор на бунтовниците со месеци, или дури и со години, заколнувајќи се дека ќе ја претвори Либија во „вулкани, лава и оган“.
Бунтовниците соопштија дека во борбите за Триполи во изминатите денови загинале повеќе од 400 луѓе, а околу 2000 се повредени. Силите лојални на Преодниот национален совет во неделата влегоа во Триполи, а вчера и во квартот Баб ал Азизија, седиштето на Гадафи.
XS
SM
MD
LG