Достапни линкови

Хрватската премиерка Косор во посета на Косово


Јадранка Косор

Јадранка Косор

Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска ќе престојува во Приштина, каде што ќе се сретне со нејзиниот косовски колега Хашим Тачи и со претседателот на парламентот Јакуп Красниќи. Главна тема на разговорите ќе биде јакнењето на билатералните односи, особено во областа на економијата. Во текот на денот Косор ќе се сретне и со командантот на КФОР Ерхард Билер и со хрватските војници од составот на мировните сили во Косово, а подоцна ќе отпатува во Јањево, каде што живеат најмногу припадници на хрватското малцинство.
XS
SM
MD
LG