Достапни линкови

Ејми Вајнхаус не умре од предозираност со дрога


Ејми Вајнхаус не умре од предозираност со дрога и се уште не се познати вистинските причини за нејзината смрт. Ова денеска го соопшти нејзиното семејство кое тврди дека во резултатите од токсиколошките испитувања што ги добиле денеска е наведено дека не се пронајдени остатоци од нелегални супстанции во организмот. Според резултатите, како што вели семејството, забележано е присуство на алкохол, но не е утврдено дали алкохолно труење е причина за смртта. Двесетиседумгодишната соул дива долго време се лечеше од зависност од дрога и алкохол , и на 23 јули годинава беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон.
XS
SM
MD
LG