Достапни линкови

Битолски тинејџери осомничени за пожарот во битолскиот „Баир“


Пожарот на Пелистер

Пожарот на Пелистер

Тројца битолски тинејџери се осомничени дека го предизвикале пожарот во населбата „Баир“. Потпаролот на Секторот за внатрешни работи во Битола Ѓорѓи Стрезовски изјави дека против осомничените се поднесени кривични пријави за „тешки дела против општата сигурност“. Toj додаде дека полицијата презема мерки за откривање и на сторителите и на другите пожари во битолскиот крај. Во последниве два месеца во битолско избувнале над 100 пожари во кои изгорена е околу илјада хектари шума.
XS
SM
MD
LG