Достапни линкови

НАТО: Прашањето е кога ќе падне Гадафи


НАТО денеска соопшти дека е прашање на време кога ќе падне режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи, во пресрет на окупацијата на градот Триполи од страна на бунтовниците. Потпаролот на НАТО Колонел Роланд Лавоие на прес конференција во Брисел изјави дека режимот на Гадафи ја поминат точката на вриење и сега може само да падне, како што вели , прашањето е само кога ќе се случи тоа. Ова следува откако бунтовниците соопштија дека напреднале во соборувањето на упориштето лидерот и дека ја имаат контролата врз речиси целиот Триполи освен во Баб ал Азизија, место во кое се верува дека се крие Гадафи
XS
SM
MD
LG