Достапни линкови

Ахмадинеџад се пофали со нова ракета


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад тврди дека иранската војска може да погоди непријателски цели од Техеран. Ахмадинеџад на денешната церемонија која ја пренесуваше домашната телевизија ја презентираше новата ракета која има дострел од 200 километри и може да погоди цели во море, односно да уништи еден брод. Тој изјави дека најдобрата одбрана е кога непријателот не се осмелува да нападне и дека непријателот треба да биде погоден на негова територија.Тој во својот говор не именува која држава е непријателот, но Иран за свои непријатели ги смета Израел и САД.
XS
SM
MD
LG