Достапни линкови

Радикални исламски групи постојат во земјава, но нивниот фокус е насочен кон оддалечена цел, а не кон Македонија, велат експертите.

Радикални исламски групи има и во Македонија и тие работат по некоја своја агенда, но земјава не е нивна цел туку оддалечена база, вели
Веројатно некои други служби повеќе имаат информации, меѓутоа факт е дека се тука и дека работат по некоја своја агенда.

политичкиот аналитичар Даниел Димевски. Како пример за нивно присуство тој потсетува дека во изминатите две години бевме сведоци на неколку сериозни инцидентни ситуации во рамки на Исламската верска Заедница и оти тие сами го посочија тој момент.

„Имавме и неколку немили настани и тепачки во една од скопските џамии, значи тие се сосема различни и најосновно, визуелно можете да направите разлика колку им е агендата радикална. Веројатно некои други служби повеќе имаат информации, меѓутоа факт е дека се тука и дека работат по некоја своја агенда.“

Британскиот неделник Сандеј тајмс, цитирајќи го поглаварот на ИВЗ, пред 1,5 година објави дека четири џамии во Скопје не се под контрола на ИВЗ.

Деновиве во своето последно издание, американскиот конзервативен неделник Weekly Standard пишува дека Македонија создава простор за влез на арапски пари и идеологија за преземање на Исламската верска заедница. „Неделен стандард“ тврди дека исламските фундаменталисти инспирирани од арапскиот поглед на исламот се обидуваат да ги и збришат од колективната меморија на Албанците традиционалните муслимански обичаи. За да се прослави пожарот во дел од тетовското Теќе кој што се случи во декември 2010, весникот тврди дека на трети август годинава во Тетово била организирана прослава од организацијата Исламски младински форум формирана во 2000 година. Објаснувајќи ја состојбата со радикалните вехабистички движења на Балканот, политичкиот аналитичар Димевски оценува дека тие земаат замав, но во конкретниот случај, според него, нема место за стравување за безбедноста на Македонија:

„Тие ги користат сите земји во развој каде што економски може да си дозволат да формираат одредени нивни ќелии, меѓутоа мислам дека нивниот фокус е насочен некаде надвор, а не конкретно во Македонија и безбедноста во Македонија.“
За нивните активности ние треба да имаме меѓународна соработка бидејќи нивните активности овде се од пасивен карактер, додека активностите им се поврзани повеќе со другите центри на таквото дејствување.


Според досегашните укажувања на ИВЗ радикалните исламисти имаат најголеми настојувања да функционираат во главниот град. Затоа тие алудираат и кон МВР од каде бараат помош за спречување на радикалните групи.

Професот по криминологија Стефан Буџаковски вели дека исламскиот фундаментализам, земјава треба да го третира како појава во која во дадени ситуациии нивните приврзаници може да дејствуваат, односно по налог од центрите каде што се финансирани.

„За нивните активности ние треба да имаме меѓународна соработка бидејќи нивните активности овде се од пасивен карактер, додека активностите им се поврзани повеќе со другите центри на таквото дејствување.“

Во МВР во неколку наврати на оваа тема посочуваат дека Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а дека македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG