Достапни линкови

Меркел: Местото на Србија е во ЕУ


Заедничката прес конференција на Меркел и Тадиќ

Заедничката прес конференција на Меркел и Тадиќ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Белград изјави дека иднината на Србија е во Европската Унија. Таа додаде дека прашањето за статусот-кандидат зависи од две работи, реформи и односите со соседите. На заедничката прес конференција со српскиот претседател Борис Тадиќ, Меркел оцени дека за прашањето за Косово, е потребен напредок во дијалогот, решение за граничните прашања и прагматично дејствување. Таа додаде дека е незамисливо да се завршат преговорите за членство со Србија а при тоа да се каже дека се уште постои проблем околу Косово. Со апсењето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ , како што вели Меркел, Србија направи важен чекор, но ЕУ од друга страна покажала колку и е важно да и ја приближи на земјата визната либерализација.

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека Србија нема илузии оти во ЕУ би можела да внесе нов конфликт , но очекува јасен став од ЕУ затоа што, како што вели неприфатливо е да се наградува оној кој спроведува насилство.Toj додаде дека ЕУ никогаш нема да биде целосна без интеграција на Западниот Балкан и изрази поддршка за што поскора интеграција на Хрватска и на другите земји од регионот во ЕУ и побара да бидат почитувани истите принципи и критериуми кога е во прашање и Србија.
XS
SM
MD
LG