Достапни линкови

logo-print

Очекувања од новиот парламентарен состав


За опозицијата, новиот парламентарен состав ќе продолжи да биде гласачка машина на власта, додека владејачкото мнозинство најавува враќање на политичкиот дијалог.

И додека власта се надева дека новиот парламентарен состав ќе го врати политичкиот дијалог во собранието, опозицијата со став дека тоа ќе
Пратениците што добиле мнозинство гласови од граѓаните на Македонија ја спроведуваат програмата за која што граѓаните гласале и нормално е да пратениците во одлучувањето ја поддржат таа програма.

продолжи да биде гласачка машина на власта. Пратениците од различни партии со спротиставени проекции за претстојната работа на собранието.

Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека новиот парламентарен состав одговорно ќе се однесува и ќе ги штити интересите на граѓаните. Политичкиот дијалог, вели Китановски, никогаш не бил прекинат од страна на неговата партија.

„Пратениците што добиле мнозинство гласови од граѓаните на Македонија ја спроведуваат програмата за која што граѓаните гласале и нормално е да пратениците во одлучувањето ја поддржат таа програма и не гледам причина да се наметнува едно сфаќање во јавноста дека собранието е гласачка машина на владата“, изјави Китановски.


Спротивно на ваквите тврдења, Соња Мираковска од Новата социјалдемократска партија вели дека е песимист дека дијалогот ќе биде вратен. Мнозинството пратеници се партиски послушници и тоа нема да придонесе за ефикасно работење на законодавниот дом, вели Мираковска.

„Ситуацијата е таква и сигурно нема да се смени под водство на овој лидер на позицијата, тоа е нивната концепција, така функционираат и така го доживуваат собранието.“

Од Демократската унија за интеграција се надеваат на зголемена ефикасност во работата на Собранието. Сузана Салиу од оваа партија вели дека новиот состав има капацитет да ја врати довербата на граѓаните во институциите.
Ситуацијата е таква и сигурно нема да се смени под водство на овој лидер на позицијата, тоа е нивната концепција, така функционираат и така го доживуваат собранието.

„Сметам дека овој парламентарен состав има доволен човечки, морален и интелектуален потенцијал, а исто така е свесен дека политичкиот дијалог и политичката култура се основа за добри политики и унапредување на демократските процеси на земјата.“

За Демократската партија на Албанците, која неколкупати досега го напушташе законодавниот дом, собранието ќе продолжи да биде машина за спроведување на владините одлуки, пред се поради тоа што се работи за скоро истиот пратенички состав како досега, вели пратеникот Зијади Села од ДПА.

„Поголемиот дел се исти луѓе и затоа не очекувам дека ќе има промени. Владеачката гарнитура, посебно ДУИ, не е навикната некој да ги критикува што е главната задача на опозицијата.“

Во изминатиот период Собранието беше мета на постојани критики за отсуство на политичкиот дијалог. Со образложение дека Македонија не е слободна и демократска држава, во јануари годинава опозицискиот Социјалдемократски сојуз го напушти парламентот, а година и половина пред тоа и Демократската партија на Албанците ја бојкотираше оваа институција. Напуштањето на Собранието не е непознато ниту за ДУИ и ПДП.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG