Достапни линкови

logo-print

Повторно турско - грчки тензии на Егејот


Cyprus

Cyprus

Вооружените сили на Грција се во состојба на зголема борбена готовност поради стравувања од евентуален обид на Анкара да провоцира „голем ицидент“ во грчки територијални води со оглед на почнувањето на активности за откривање природен гас во кипарски води, објави Етнос.
Турција објави дека ќе спроведе воени вежби во Егејското Море, а грчки воени бродови веќе се придвижиле на југ.
САД и ЕУ, според Етнос, не исклучуваат веројатност Турција да реагира со воени средства против заедничките кипарско-израелски научни истражувања за откривање природен гас во морски регион меѓу двете држави.
Грчкиот министер за одбрана Панос Беглитис изјави дека на сила е заедничка одбранбена доктрина со Кипар според која, по потреба Грција е задолжена за помош за островот по воздух, копно и вода.
XS
SM
MD
LG