Достапни линкови

logo-print

Осма седница на Собранието на Македонија


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница на чиј дневен ред се предлог-аконите за ратификација на Спогодбите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за регулирање на режимот за локален граничен сообраќај и за преземање на лица со нелегален влез или престој.
Пратениците, меѓу другото, треба да расправаат и по предлог законите за ратификација на Протоколот за привилегии и имунитети на Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа, за ратификација на Договорот за основање на Антикорупциска академија како меѓународна организација, за ратификација на Договорот за воен грант меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протокол за спроведување на финансиска поддршка меѓу министерствата за одбрана на двете држави, како и за ратификација на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG