Достапни линкови

Обвинети воени офицери за смртта на Качински


Местото каде што загина полскиот претседател Качински

Местото каде што загина полскиот претседател Качински

Двајца воени офицери се соочуваат со можна тригодишна казна затвор доколку се докаже дека сносат вина за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински. Потпаролот на военото обвинителство денеска соопшти дека е покренато обвинение против двајца офицери (чии имиња не се соопштуваат) за невнимание, односно за занемарување на своите должности. Станува збор за вработени во единицата на воената авијација задолжена за организирање на летови на полските власти. И двајцата обвинети се изјасниле дека се невини. Авионската несреќа се случи на 10 април минатата година при што загинаа 94 луѓе меѓи кои гувернерот на Народната Банка и голем дел од високи воени чиновници.
XS
SM
MD
LG