Достапни линкови

logo-print

Турција повторно апси воени чиновници


Турскиот суд наредил да се уапсат тројца адмирали и двајца полковници поради сомнение за заговор за соборување на Владата, јавуваат новинските агенции. Во Анадолија денеска е уапсен адмиралот Дениз Кора и чека судење обвинет за поврзаност со забранетата група која планирала да изврши атентати на команданти во морнарицата. Една десетина од воените генерали се веќе во притвор по спроведената акција наречена „операција Чекан“. Тие се обвинети за планирање државен удар.
XS
SM
MD
LG