Достапни линкови

Либиската државна телевизија под контрола на бунтовниците


Државната либиска телевизија која беше под контрола на режимот престана да емитува програма а бунтовниците тврдат дека сега тие ја имаат контролата над објектот во Триполи. Бунтовниците до сега под контрола имаат голем дел од градот, но се уште има делови каде што отпор пружаат подрржувачите на лидерот Моамер Гадафи. Потпаролот на Гадафи, Муса Ибраим тврди дека 60 илјади војници се уште се борат во градот за својот лидер. Претходно Гадафи ги повика неговите поддржувачи да се приклучат во борбата против бунтовниците. Бунтовниците тврдат дека два сина на Гадафи се во домашен притвор, но се уште не се знае каде е Гадафи.
XS
SM
MD
LG