Достапни линкови

Нема место за нови опозициски партии во Русија


Лидер на новата опозициска партија Борис Немтсов

Лидер на новата опозициска партија Борис Немтсов

Руски Суд денеска ја потврди одлуката на министертвото за правда, да не се дозволи регистрација на новата опозициска „ Слободна народна партија“. Минатата година оваа партија ја формираа коалиција од политичари меѓу кои и поранешниот премиер Михаил Касјанов и поранешниот заменик премиер Борис Немтсов. Министерот за правда, лани не дозволи да се регистрира партија, а причините за таквата одлука партијата вели дека се „ измислени и невистинити“. Секретарот на партијата Константин Мерзликин изјави дека нивниот нареден чекор е судот во Москва. Доколку партијата не се регистрира, нема да може да кандидира свои членови на парламентарните избори во декември и на претседателските избори во март.
XS
SM
MD
LG