Достапни линкови

logo-print

Вооружени моторџии запалиле цистерни на НАТО во Пакистан


Вооружени моторџии запалија најмалку 19 цистерни во Југозападниот дел на Пакистан, кои превезувале гориво за НАТО силите во Авганистан. Пакистанската полиција соопшти дека вооружените луѓе пукале врз цистерните на 25 километри јужно од Квета каде што возачите на камионите ја чекаат полициската придружба која треба да ги следи до главниот пат што води кон Авганистан. Полицијата соопшти дека во инцидентот биле вклучени десеттина луѓе.
XS
SM
MD
LG