Достапни линкови

Силен земјотрес во Јапонија


Оштетената нуклеарна централа од минатиот земјотрес во Јапонија

Оштетената нуклеарна централа од минатиот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди јапонското источно крајбрежје. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 220 километри источно од Токио и дека нема опасност од цунами. Се уште нема инфомации за евентуални повредени или предизвикана материјална штета.
Во претходниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 11 март годинава загинаа околу 20 илјади луѓе. Земјотресот и цунамито што следуваше по него, оштетија нуклеарна централа и принудија над 100 илјади луѓе да ги напуштат своите домови, стравувајќи од нуклеарна радијација.
XS
SM
MD
LG