Достапни линкови

Албанија ја поддржува Македонија за членство во НАТО


Интеграцијата во НАТО и стабилноста се стратегиски приоритети за регионот кои ќе помогнат за негов развој и безбедност. Ова е заклучокот од денешната средба на министрите за одбрана на Македонија и Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами. Бесими изјави дека Македонија ги спроведува сите реформи за што поскоро зачленување во Алијансата и дека Албанија, како членка на НАТО и во иднина ќе биде значаен партнер за споделување на многу искуства и учење како да се функционира како членка на НАТО. Имами изрази поддршка за членството на Македонија во Алијансата. Двајцата министери упатија и пораки за значењето на безбедноста и стабилноста во регионот имајќи ги в предвид последните случувања на северот на Косово. Бесими при посетата се сретна и со албанскиот премиер Сали Бериша.
XS
SM
MD
LG