Достапни линкови

Светските лидери бараат од Гадафи да се откаже од власта


Светските лидери побараа од либискиот лидер Моамер Гадафи да се откаже од власта откако бунтовниците ја презедоа контролата врз поголемиот дел од главниот град Триполи. Британскиот премиер Дејвид Камерун денеска изјави дека режимот на Гадафи се распаѓа и побара од него безусловно да се откаже од борбите. НАТО претходно повика на мирна транзиција на власта. Меѓународниот кривичен суд побара трансфер на синот на Гадафи, Саиф ал Ислам поради обвиненијата за злосторства против човештвото. Бунтовниците веќе 6 месеци се борат за да стават крај на 42 годишното владеење на Гадафи.
XS
SM
MD
LG