Достапни линкови

logo-print

Иранските нуклеарни амбиции не реагираат на „западните“ кочници


Шефот на иранската нуклеарна програма

Шефот на иранската нуклеарна програма

Шефот на иранската нуклеарна програма и потпретседател на Иран Ферејдон Абаси Давани изјави дека машините кои се користат за збогатување на нуклеарното гориво со ураниум се пренесуваат од градот Натанц кон подземен бункер кој се наоѓа во близина на градот Ќом. Техеран во јуни најави дека ќе го пренесе производството на гориво збогатено со ураниум во подземен објект во Фордов, спротивно на меѓународните залагања за стопирање на процесот. Западните земји стравуваат дека овој процес води кон создавање нуклеарни бомби. Иран се уште негира тоа. Објектот се наоѓа во внатрешноста на планина за да се заштити од можни напади.
XS
SM
MD
LG