Достапни линкови

Бајден ја пофали Монголија


Бајден се сретна со монголскиот премиер

Бајден се сретна со монголскиот премиер

Американскиот заменик претседател Џо Бајден ја пофали Монголија дека постигнала „забележлива транзиција во демократија“, по децениите поминати како Советски сателит. Бајден по кратката посета на земјата изјави дека САД остануваат „строго посветени “, да и помогнат на Монголија да продолжи со демократските процеси кои стратуваа во 90–тите години. Монголија има огромно количество на минерални ресурси и бара странски инвеститори кои ќе го развијат енергетскиот сектор. Бајден пристигна во Улан Батор од Кина на едноднева посета пред да продолжи кон Токио.
Во меѓувреме мала група демонстрансти протестираа против, како што велат, американските планови за фрлање на нуклеарен отпад во нивната земја. Владата во Монголија ги негираше ваквите тврдења.
XS
SM
MD
LG