Достапни линкови

Ваши коментари


Главно негативни коментари од слушателите на нашата тема за новите „Санино услови“ и членството на Македонија во ЕУ.

Кога станува збор, почитувани, за влегувањето на Македонија во ЕУ, зачудува тоа што иако сите знаеме дека мнозинството граѓани во заемјава се „за“ нејзино членство во Унијата, но како по правило, коментарите преку електронските пораки се негативни. Тоа се случува и со веб-страниците на другите медиуми, не само онаа на Радио Слободна Европа. Зошто е тоа така, навистина тешко може да се најде разумен одговор.

Во врска со писмото од еврофункционерот Санино што го презентира новата евроинтегративка во Владата на Груевски, Теута Арифи, некој Македонец во својата порака фрла дрвја и камења по Европа која според него се покажала како неуспешен концепт. Веројатно сметајќи дека
Некој Македонец во својата порака фрла дрвја и камења по Европа која според него се покажала како неуспешен концепт.
членството во Унијата носи мед и млеко, овој наш слушател пишува дека сите земји во Европа биле посиромашни и послаби отколку пред нивното зачленување во ЕУ, а својот песимистички коментар го завршува со уште попесимистичко прашање зошто би сакале да се качиме на возот што води во пропаст.

Димче, пак, од Смилево ја напаѓа Теута Арифи дека не работела за интересите на македонската држава и дека Македонците не и' верувале на вицепремиерката и плаче над судбината на Македонија на која, вели други и ја кројат капата.

Николче од Окланд, меѓутоа порачува дека само заостаната личност може да сонува и да посакува распад на ЕУ, зашто такво нешто, според него, би довело до трета светска војна.

Горливиот грчко-македонски проблем - името - е горлив и за нашите слушатели и испраќачи на пораки. Тоа се гледа и по големиот број коментари испратени од вас, почитувани, во врска со извештајот на Меѓународната кризна група и предлогот за име со географска одредница.

Јанакиев Никола од Перт, Австралија, порачува дека албанско-влашко-српско-турско-бугарските лоби групи треба да седнеле и искрено да се договорат, инаку немало фајде, а Владо од Скопје прашува кои се
Димче, пак, од Смилево ја напаѓа Теута Арифи дека не работела за интересите на македонската држава и дека Македонците не и' верувале на вицепремиерката и плаче над судбината на Македонија на која, вели други и ја кројат капата.
членовите на МКГ и чии ставови поддржуваат и смета дека нема место за менување на уставното име Република Македонија.

И Мирче Владимиров смета дека притисоците и уценувањата не носат ништо добро, а Васил потсетува дека Меѓународнта кризна група пушта само пробни балони и ја иритира јавноста.

Има еден коментар, на Мирко од Скопје, кој дијаметрално се разликува од претходните спомнати: Мирко, имено, пишува дека ако промената на името би значело економски и политички напредок, би прифатил такво нешто, зашто, вели, што ќе ти е држава со име Република Македонија, кога немаме леб да јадеме, а од патриотизам со сиромаштија не се живее. Никој, пишува не се откажа од новиот пасош каде многу од имињата ни се погрешно напишани, бидејќи, нели, сакаме да патуваме во странство.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG